ВИДЕО: Лудило на Сардинија: Каљари имаше 0-3 до 72. минута, па за 20 минути дојде до прва победа во Серија А!

Вистинско лудило во 10. коло од Серија А на дуелот на Сардинија, каде Каљари со неверојатен пресврт против Фросиноне дојде до првата победа сезонава во шампионатот.

Се до 72. минута, домашните имаа негатива од 0-3, а потоа со четири гола за 20 минути до крајот дојдоа до победа од 4-3.

Избраниците на Клаудио Раниери одиграа лошо прво полувреме, дозволувајќи два гола во својата мрежа, а кога во 49. минута Брешанини зголеми на 0-3 и се чинеше дека тоа е крај за надежите на домаќините.

Но, не мислеа така и фудбалерите на Раниери. Најпрво погоди Ористанио во 72. минута, а потоа и Макумбу, за да вистинска лудница предизвика капитенот Паволети кој израмни на 3-3 во 94. минута… Но тоа не беше крај. Во 96. минута повторно капитенот за целосен пресврт и огромна победа од 4-3 за вистинска еуфорија на Сардинија.

За Калјари ова е прва победа сезонава која го тргна од последното место на табелата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...