(ВИДЕО) Лудило во Аргентина: Меси и другарите стигнаа дома, за малку избегната несреќа!

Авионот во кој се наоѓаше репрезентацијата на Аргентина која го освои трофејот од Светското првенство во Катар, слета во Буенос Аирес во раните утрински часови. Тамо подоцна ќе биде и официјалната прослава по повод освојувањето на пехарот, а играчите и покрај пристигнувањето во 2:40 наутро по локално време, беа пречекани од многу фанови.

Тие прво ќе преспијат во тренинг центарот, кој е во близината на аеродромот, но и пристигнувањето во раните утрински часови не беше пречка илјадници фанови да дојдат и да ги поздрават идните светски прваци.

Свечениот дочек ќе биде организиран околу пладне.

Инаку на патот до тренинг центарот избегната е несреќа кога Меси и другарите на кровот од автобусот во еден миг избегнаа еден кабел за струја. Повеќе во последното видео:

 

Се вчитува...