Српскиот тренер Жељко Обрадовиќ, кој вчера поднесе оставка од клупата на Партизан, ќе биде пречекан како херој во Белград, каде се враќа од Атина, каде остана по мечот со Панатинаикос во Евролигата.
После тој меч трофејниот стручњак поднесе оставка од клупата, која првично беше прифатена, но денеска раководството на „црно-белите“ ја одби.
Обрадовиќ треба вечерва да се врати во Белград, и да ги продолжи разговорите со челните луѓе на Партизан, а илјадници фанови дојдоа на аеродромот да му пружат поддршка, и да го премислат во таа негова намера да си замине од клупата.
Исто така повеќе од 10.000 фанови го следеа неговиот лет од Атина до Белград. Вечерва ќе се знае конечната судбина на трофејниот тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

