Вардар има предност од 2-0 на полувремето против Македонија ЃП во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига.
„Црвено-црните“ до предност дојдоа со погодоците на Филип Најдовски во 30. минута од средбата. Откако остана без регуларен а непризнаен гол на дуелот со Шкендија во Тетово од првото пролетно коло, Најдовски сега стрела против „лавовите“… Во 33. минута по една луцидна акција на домашните, младиот Ибиши донесе предност од 2-0 за Вардар.
Головите на Најдовски и Ибиши може да ги погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

