Видео: Маестрално одбранетиот пенал на Столе Димитриевски

Столе Димитриевски уште еднаш покажа зошто заслужува да биде прв голман на Валенсија, откако Македонецот блесна на синоќешниот дуел со Атлетик Билбао во Копа дел реј.

Нашиот голман имаше низа одлични интервенции, од кои најимпресивна дефинитивно беше онаа со која го запре пеналот на еден од гостинските фудбалери.

За жал, и тоа беше недоволно Валенсија да се пласира во полуфиналето откако Атлетик со гол во 96. минута славеше со 1-2 на „Месталја“.

Се вчитува...