Младата репрезентација на Македонија, онаа која од септември ја очекува стартот на квалификациите за ЕП 2019 во Италија, води со 1-0 на пријателскиот натпревар против Црна Гора кој се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Македонија води од 31. минута благодарение на убавиот погодок на фудбалерот на Работнички, Елиф Елмас кој мајсторски се ослободи од своите чувари и прецизно шутираше од 16 метри…
Претходно, Македонија имаше можност да поведе и во 13. минута но ударот на капитенот Петар Петковски заврши покрај голот на Црногорците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА