ЕКИПА во Гибралтар
Македонската репрезентација има предност од 0-1 на гостувањето против Гибралтар во 2. коло од Групата 4 во Лигата на нации.
Стрелец на голот за водство беше капитенот Енис Барди, кој по извонредното проигрување со Алиоски од корнер, потоа низ соло продор се прошета покрај гостинската одбрана и од десеттина метри прецизно стрелаше за 0-1.
Претходно, првата 100% шанса Македонија ја имаше уште во 8. минута преку Милан Ристовски. Одлично проигрување од Барди за Ристовски, кој одлично се ослободи од двајца домашни дефанзивци шутираше од 12 метри, но гредата го спаси голот на Гибралтар.
Bardhi!pic.twitter.com/0K15BOhdSJ
— GoncaloDias17 🇦🇷 (@goncalo_diass17) June 5, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА