ВИДЕО: Мајсторијата на чаирчани во три потези за 2-2 на „Максимир“!

Шкупи дојде до повеќе од посакувано реми (2-2) на гостувањето против големиот фаворит Динамо Загреб во 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

До резултатот за почит чаирчани дојдоа во 89. минута кога домашните беа решени во само три потези.

Се почна со долгиот ангажман на голманот Наумовски, па преку еден допир со глава на Георгиев за да мајсторски со лоб удар преку истрчаниот Ливаковиќ реализира од 18 метри Реналдо Цефас…

Се вчитува...