Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е херој на полската Јагелонија на стартот од Конференциската лига на УЕФА.
Јагелонија во 1. коло од третото по квалитет европско клупско натпреварување триумфираше со 1-2 на гостувањето против Копенхаген благодарение на мајсторскиот погодок на Чурлинов во седмата минута од судиското продолжение.
Чурлинов во игра влезе во 55. минута, а во 97. минута одлично се снајде во контранападот на својот тим и луцидно погоди за 1-2…
GOAL🇪🇺 | København 1-2 Jagiellonia | Darko Churlinov pic.twitter.com/JWW64zubS8
— Kevin Highlights. (@abongo_jr) October 3, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА