ВИДЕО: Мајсторски голови на Костов и Калпачки за триумф на Брегалница против Скопје

Брегалница повторно се врати на лидерската позиција во Втората македонска фудбалска лига откако во последниот натпревар од 8. коло, кој се одигра во вечерен термин, триумфираше со 2-0 против Скопје на дуелот во Штип.

Два гола за штипските „сини“ доволни за три бода и повторно преземање на врвот пред Шкендија Арачиново.

Брегалница поведе со голот на Костов кој во 16. минута постигна прекрасен погодок со глава за водство од 1-0.

А, во последните секунди од средбата и Давид Калпачки постигна супер погодок со шут од 18 метри откосо за триумф од 2-0.

Сега Брегалница повторно е со 20 бода на врвот, колку што има и Шкендија Арачиново, но со послаба гол-разлика.

Се вчитува...