ВИДЕО: Македонија има голман за Гинис во млади категории: Алити со пет гола од гол на гол на еден меч!

Македонија има голман во млади категории кој дефинитивно може да се запише во Гинисовата книга на рекорди.

Младиот чувар на мрежата на КФ Фортуна 2009 – генерација 2014, Аријан Алити кој беше избран за најдобар голман од страна на ФФМ за сезоната 2022/2023, постигна дури 5 гола од гол на гол (на терен од 50 метри далечина) на само еден натпревар. Сето тоа за извонреден рекорд кој ретко се гледа па и на натпреварите во младите категории ширум Европа.

Аријан Алити

 

Досега на ниту еден голман не му успеало такво нешто. За македонските фудбалски стручњаци кои го следат Алити е навистина изненадувачки како момче на само деветгодишна возраст има шут со должина од 60 метра, ако се знае дека во светски рамки рекорд на голман е 78 метри од страна на голманот на Манчестер сити, Едерсон.

До сега за две сезони колку игра официјално во Детската лига на ФФМ има дадено повеќе од 50 гола што е атракција како во нашата држава така и на Балканот каде има примено медали и признанија за најдобар млад голман.

Се вчитува...