ВИДЕО: Максимов со два прекрасни гола го враќа отпишаниот Работнички во игра против Шкупи

Отпишаниот по првото полувреме Работнички се враќа на најдобар можен начин во вториот дел намалувајќи ја предноста на Шкупи на 2-3 во последното есенско коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Романтичарите“ се вратија во игра за само девет минути со двата прекрасни погодоци на Методиј Максимов.

Максимов најпрво во 54. минута убаво стрелаше за 1-3…

А, потоа во 63. минута испрати нов одличен шут ниско по земја за 2-3.

Се вчитува...