Видео: „Маракана“ ечи – Пикси, оди си…

Српските навивачи веќе подолго време се незадоволни од работата на селекторот Драган Стојковиќ – Пикси, а тоа незадоволство кулминираше вечерва откако Србите беа целосно надиграни во првото полувреме од мечот со Англија.

На одмор се замина со резултат 0-2 за „гордиот албион“, па додека играчите се упатија кон соблекувалните на трибините на „Маракана“ почна да ечи – Пикси, оди си…

Србите се пред пораз, а останува да се види дали Стојковиќ ќе ги преживее овие повици смена и ќе остане на чело на репрезентацијата најмалку до крајот на овој квалификациски циклус…

Се вчитува...