Македонскиот напаѓач, Марио Илиевски продолжува со серијата голови во вториот дел од сезоната во редовите на косовска Приштина.
Викендов Илиевски погоди за Приштина во ремито (2-2) против Дреница на гостински терен.
Илиевски го постигна израмнувачкиот гол за Приштина за 1-1, но и до крајот, сепак, не успеа да дојде до триумф против аутсајдерот.
Марио Илиевски со 12 постигнати гола е на третото место на листата на најдобрите стрелци, во моментов во шампионатот на Косово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

