Македонскиот репрезентативец Марио Илиевски беше стрелец за ЦСКА 1948 Софија во убедливата победа од 4-1 против Крумовград во 26. коло од најсилниот шампионат на Бугарија.
Македонскиот напаѓач го запиша првиот свој гол во вториот дел од сезоната, на мечот на кој во игра влезе во 61. минута од средбата, а веќе во следната минута ги постави конечните 4-1 на дуелот.
Иако првично беше поништен поради наводна офсајд позиција, сепак по ВАР-интервенцијата голот беше потврден. Илиевски досега има пет гола сезонава во дресот на ЦСКА, а има и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА