ВИДЕО: Марио Крстовски со свој прв гол за Истанбулспор во првенството

Македонскиот интернационалец, Марио Крстовски го запиша својот прв гол во дресот на Истанбулспор во Втората лига на Турција.

Крстовски погоди на дуелот против Сакаријаспор во 60 минута за конечна победа на Истанбулспор од 3-0.

Македонскиот фудбалер, претходно има и два гола за својот нов тим но во Купот на Турција. Беше двоен стрелец против екипата на Кашимпаша.

Истанбулспор е на 6. место на табелата во втората турска лига, па до крајот на сезоната ќе се бори за место и во елитното друштво.

Се вчитува...