ВИДЕО: Марјан Радески „полета“ и со два гола во последните 10 минути донесе победа за „пандевци“

По подолго време конечно фудбалерите на Академија Пандев дојдоа до победа во шампионатот на Македонија. „Пандевци“ во 16. коло од ПМФЛ славеа пресврт-победа од 2-1 против Борец.

Велешани поведоа во првото полувреме со голот на Марјан Ристовски.

Но, пресвртот дојде во последните десет минути од мечот со двата гола на Марјан Радески. Најпрво во 78. минута Радески од пенал израмни на 1-1, а потоа во 88. минута постигна прекрасен гол со глава за конечни 2-1.


Се вчитува...