Пелистер е многу блиску до финалето во Купот на Македонија, откако во реванш полуфиналната пресметка има предност од 0-1 по 65 минути игра на гостувањето против Академија Пандев во Турново.
Иако домашните го диктираат ритамот и имаа повеќе шанси за први да дојдат до погодок, сепак откако не успеаја да реализираат на спротивната страна по еден брз контранапад казни Благојче Марковски за водство на Пелистер од 0-1…
По онаа прва победа од 2-1 во Битола, „зелените“ сега се многу блиску до можност да ја бранат минатогодишната титула во најмасовното домашно клупско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА