ВИДЕО: Мбапе прекина со тренинзи со вториот тим на ПСЖ и денеска го напушти Париз

Килијан Мбапе денеска го напушти Париз. Изминативе денови тренираше со играчите кои се отпишани од ПСЖ, а како што пренесуваат француските медиуми денеска побарал слободни денови и експресно го напуштил Париз.

Не е познато каде се упатил еден од најдобрите светски фудбалери, но факт е дека побарал неколкудневен одмор.

Според информациите, на тренинзите на групата отпишани фудбалери треба да се врати во понеделник. Јасно е дека неговата епизода во првиот тим е завршена, а клубот со сите сили сака да се ослободи од него.

Се вчитува...