Лестер Медфорд беше прво засилување донесено од тренерот Кочов минатото лето, а американскиот плејмејкер вечерва покажа зошто важи за клучен играч во таборот на МЗТ Скопје. Кога беше најважно, тој ја презеде одговорноста, ја чуваше топката до самиот крај на нападот, чекаше времето речиси целосно да истече, а потоа со прецизен удар „преку човек“ ги замолкна присутните фанови на Спарс во салата.
Големиот чекор кон финалето на АБА2 е направен со овој „брејк“ на гостински терен, сега треба само уште пласманот да биде потврден со домашна победа на неделниот натпревар во СЦ „Јане Сандански“.
? LESTER MEDFORD FOR THE WIN ?#ABALiga2 @kkmztskopje @BeAwitness20 pic.twitter.com/9p3LQ3xmxX
— ABA Liga 2 (@ABA_League2) March 20, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА