Македонија има водство од 2-0 против Ерменија на пријателскиот натпревар кој се игра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.
Извонредна соло-акција на капитенот Елиф Елмас во 59.минута, кој мајсторски продре по десната страна, шутираше откосо а дирекот од голот на Ерменците спречи негов гол.
Но, на одбиената топка одлично се снајде Милан Ристовски кој од неколку метри прецизно погоди, постигнувајќи го својот четврти гол во македонскиот дрес.
ГОЛОТ НА МИЛАН РИСТОВСКИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА