ВИДЕО: Милиметарска асистенција на Ристовски за гол на Динамо во Севилја…

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски асистираше на единствениот погодок на Динамо Загреб во првото полувреме од првиот натпревар од 1/16-финалето во Лигата на Европа против Севилја.

На гостувањето против Севилја, „модрите“ имаат негатива од 3-1 на полувремето откако домашните постигнаа преку Окампос и Марсијал два погодоци во самиот финиш, во 44. и во 45. минута.

А, Динамо Загреб токму по милиметарската асистенција на Ристовски во 41. минута преку Оршиќ успеа да израмни на 1-1, откако Ракитиќ уште во 13. минута од пенал ја доведе Севилја до предност од 1-0.

Се вчитува...