Македонската ракометна репрезентација забележа повеќе од значајна победа од 34-30 против Тунис на стартот од Светското првенство во Франција.
Триумфот од четири гола разлика е уште толку поголем ако се знае дека Македонија имаше и четири гола негатива на 15 минути пред крајот. Но нашиот состав предводен од извонредниот Кире Лазаров, а дополнет со повеќе од расположените Манасков, Миркуловски и Стоилов, „експлодираше“ во последните 15 минути за огромна радост на нашите навивачи во арената во Мец.
Минутите низ кои стигнавма до пресврт триумфот над Тунис дефинитивно остануваат за паметење од првата наша средба на Мундијалот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА