ТСЦ Бачка Топола и Партизан одиграа извонреден натпревар на отворањето на новата сезона во Суперлигата на Србија.
ТСЦ на Мартин Мирчевски на повеќе од драматичен начин на крај се избори за реми (3-3) со гол во 96. минута од средбата.
Токму Мирчевски го изведе корнерот од десната страна, по кој Стојиќ постигна гол со глава за конечни 3-3 и шок на Партизан.
Поранешниот фудбалер на Пелистер, Вардар и Академија Пандев во игра влезе во 85. минута и веќе во финишот на мечот асистираше за бод за својата екипа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА