Силекс продолжува со одличните игри и во 4. коло од Првата македонска фудбалска лига доаѓајќи до водство од 0-1 на гостувањето против Арсими во Гостивар.
Кратовци до предност дојдоа во 18. минута со голот на Мартин Мирчевски, кој реализираше од непосредна близина.
Голот беше проверуван од ВАР-системот, милиметри одлучуваа, но се чини дека сосема исправно признаен гол на Силекс.
И вториот фаворит на денешните два натпревари од 4. коло, екипата на Струга ТЛ води на гостувањето во Куманово против Башкими.
Стружани до предност од 0-1 дојдоа со голот на Компаоре во 24. минута од средбата.
Башкими игра и со фудбалер помалку, по исклучувањето на офанзивецот Марко Симоновски во 23. минута од натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

