ВИДЕО: Мирко Ивановски сакаше гол со „божја рака“ – Ама, не е Марадона…

Пелистер успеа да извлече, сосема заслужено низ тактичка одлична поставеност, убав бод на гостувањето против фаворитот Гостивар во Скопје ремизирајќи без голови во 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.

А, битолчани имаа можност во судиското продолжение од средбата да дојдат и до три бода, но една интересна ситуација во која се најде капитенот на Пелистер, Мирко Ивановски, сепак беше одлично забележана од главниот судија Јован Качевски од Струга.

Ивановски, по корнерот од левата страна, се извиши во скок со глава и успеа топката да ја смести во мрежата на гостиварци. Гол „ала Марадона“, само што овој пат Качевски добро забележа па изостана „божјата рака“… А, место гол Ивановски доби жолт картон…

Се вчитува...