ВИДЕО: Митрев со автогол подари победа на Шкендија на „Филип Втори“…

Шкендија продолжува со победничкиот ритам во домашниот шампионат, славејќи и во 14. коло овој пат со 1-2 на гостувањето против Работнички во Скопје.

На дуелот кој се играше на „Филип Втори“, Шкендија дојде до предност со голот на Изиар Емини во 19. минута кој убаво реагираше по асистенцијата на Гледи Мици. Но, Работнички успеа да израмни со убавиот погодок на Оливер Пеев во 28. минута…

Сепак, триумфот на лидерот во првенството дојде преку автоголот на Деан Митрев во 51. минута кој неспретно реагираше пред својот гол по центаршутот на Гледи Мици од левата страна…

Се вчитува...