Видео: Модриќ е фудбалски „Бог“ – погледнете како Хрватот на 36 години си поигруваше со „ѕвездите“ на ПСЖ

Карим Бензема беше херој на Реал со три гола во второто полувреме, но Лука Модриќ ги собра комплиментите за извонредното издание во текот на сите 90 минути.

Хрватот беше маестрален од почеток до крај, го диктираше темпото на игра на својот тим, а штом ПСЖ покажа моменти на слабост, тој беше тука за да ги разигра соиграчите на патот до големиот пресврт.

Погледнете го видеото од извонредниот настап на 36-годишниот ветеран, кој со настапот против „тимот на ѕвездите“ на ПСЖ одигра како во најдобрите времиња.

Се вчитува...