Екипата на Вардар е блиску да дојде до петтиот триумф во шестото коло од Првата лига, откако на полувреме против Арсими на гостински терен во Гостивар има предност од убедливи 3-0.
Вардарци имаа моќен прв дел, демонстрираа сила против незгодниот тим на Арсими, и се чини го решија прашањето околу победникот. Тешко може да се верува дека тимот од Чегране ќе успее да излезе непоразен од овој дуел.
Во 10. минута Роџерс Мато донесе предност. Дардишта во обид да избие една топка, удри во телото на Омерагиќ, а топката стигна до Мато, кој излезе сам и погоди за предност на „црвено-црните“.
Се играше 29. минута кога Вардарци стигнаа и до вториот гол. Нафрлена топка од Кастањеда, а Матиќ со глава го матираше Исљами.
На третиот гол на Вардар се чекаше до 35. минута, кога Мато доби одлична топка, излезе сам пред голот и го совлада Исљами за убедливи 0-3.
И Работнички е блиску до триумф на дуелот со Пелистер, откако имаат 2-0 по првиот дел. Головите беа дело на Флоријан Кадриу и на Димитар Трајков, по одлични акции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

