ВИДЕО: Молк на „Енфилд“: Јунајтед го шокираше Ливерпул по само 61 секунда!

Манчестер јунајтед го шокираше Ливерпул по само 61 секунда игра на големата дерби-пресметка во Англија.

Уште по 61 секунда, во првиот напад убава акција на Јунајтед. Дијало испрати добар пас меѓу задната линија на „црвените“, топката дојде од Мбуемо, >шутираше прекрасно и ја испрати топката низ нозете на голманот од Грузија.

Во продолжението, Ливерпул ја презеде иницијативата имаше и погодени еден дирек и греда, но не успеа да дојде до израмнување во првите 45 минути од мечот.

Пред овој натпревар, Ливерпул беше на четвртата позиција со 15 бода и натпревар помалку од лидерот Арсенал, кој има 19 бода.

Манчестер Јунајтед го пречека дербито на 13-та позиција со десет освоени бода.

Се вчитува...