Германски Кил славеше со 27-28 во вчерашниот реванш четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Вардар. Но, само пирова победа… Македонскиот шампион е тој на годинашниот Ф4 турнир во Келн од 25. до 27. мај ќе има можност да ја брани европската круна.
И, кога се ќе се сумира од двете крајно израмнети, драматични, четвртфинални пресметки, вредно е уште еднаш да се издвои моментот кој одлучи кој ќе патува во Келн… А, тоа е без сомнение погодокот на Македа во последните секунди од првиот натпревар во Кил со кој Вардар триумфираше со 28-29. Драмата од Кил, вреди да се погледне уште еднаш…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА