Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години води на полувремето со 1-0 против фаворитот Полска во првиот меч од Групата В во квалификациската група за пласман на ЕП.
На дуелот кој се игра во Торуњ, Полска, селекцијата на Тони Јакимовски одигра одлично прво полувреме со предност завршувајќи ги првите 45 минути.
Голот за Македонија го постигна Никола Величковски во 12. минута од средбата.
Во 26. минута домашните добија крајно сомнителен пенал, но нашиот голман Љупче Џеков успеа да го одбрани ударот од 11 метри на Дариуш Сталмах.
Македонија на дуелот против Полска игра во следниот состав: Љ. Џеков, Стојилевски, Марковски, Абиола, Ѓ. Џеков, Зенделовски, Елмас, Ѓоргиевски, Фетаи, Величковски и Назифи.
Македонија во групата која се игра во Торуњ е уште и со селекциите на Германија и Казахстан. Германците претходно славеа во 1. коло против Казахстан со 6-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА