ВИДЕО: Може ли побрзо? Ратков од Салцбург постигна гол по само 5 секунди!?

Еден од најбрзите погодоци во историјата постигнат е денеска во Бундеслигата на Австрија на натпреварот меѓу Линц и Салцбург.

Во 19. коло од австрискиот шампионат, офанзивецот на Салцбург, српскиот фудбалер Петар Ратков постигна гол по само 5 секунди од стартот на мечот.

На Ратков му се исплатеше пресингот, успеа да го притисне голманот на домашните, Никола Шмит, па одбиената топка заврши во мрежата на домашните.

20-годишниот Ратков минатата година од ТСЦ се пресели во Салцбург, и на 12 натпревари сезонава во Австрија има четири постигнати гола.

Се вчитува...