Македонија постигна и втор гол на пријателскиот натпревар против Турција кој во моментов се игра на националната арена во Скопје, но и по вторпат поништен од судиската тројка од Бугарија.
Откако во првото полувреме беше поништен голот на Даниел Мојсов во 19. минута, сега во 52. минута главниот судија Станислав Тодоров го поништи и погодокот на Езгијан Алиоски кој одлично зафати една одбиена топка од 16 метри… Сепак, погодокот беше поништен поради офсајд позицијата во која се најде капитенот Горан Пандев непосредно пред голманот на гостите, Волкан Бабачан…
По 60 минути игра, Македонија и Турција играат се уште без голови.
Македонија лесно можеше да води, доколку не беше сомнително поништениот гол на Мојсов во првото полувреме…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА