Жозе Мурињо не можеше да ги сокрие солзите при напуштањето на тренинг-кампот на Рома откако денеска и официјално доби отказ од клупата на римската „волчица“.
Португалецот денеска доби отказ од Рома, а одлуката директно му ја соопшти сопственикот Ден Фридкин кој допатувал од САД во Рим. За отказот на Мурињо до денеска не знаеле и фудбалерите на тимот.
Како што информираат италијанските медиуми, оваа одлука тешко му паднала и на самиот Фридкин, но и на навивачите на Рома кои се собраа да го поздрават Мурињо.
А, португалскиот стратег во емотивното збогум не можеше да ги сокрие солзите при напуштањето на тренинг-кампот…
Mourinho crying has me crying pic.twitter.com/LEdeOWlexP
— Siavoush Fallahi (@SiavoushF) January 16, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА