ВИДЕО НА ДЕНОТ: Сакаше да го тепа, виде дека е Ериксен, а тогаш…

Интересна ситуација се случи на натпреварот меѓу Норич и Брентфорд кој гостите го добија со 1-3 во 28. коло од англиската Премиер-лига. Левиот бек на домаќините Брендон Вилијамс беше во дуел со Кристијан Ериксен по кој и двајцата завршија на тревата.

Младиот Англичанец не знаеше од прва со кого е во дуел, па тргна да се пресметува со Данецот. Кога виде дека се работи за Кристијан Ериксен тој само го прегрна и двајцата фудбалери продолжија како ништо да не се случило.

 

Се вчитува...