Македонската ракометна репрезентација загуби со 25-29 од Шпанија во четвртото коло од Групата Б на Мундијалот во Франција, но дефинитивно демонстрираше дека има што да и понуди од себе на ракометната планета.
Како подарок за ракометниот свет, Кире Лазаров и дружината, кои го одиграа можеби најдобриот наш меч на СП досега, оставија денеска од Мец вистински атрактивни потези, пред се низ одличното прво полувреме, кои вреди да се погледнат…
Почнувајќи од моментите на пресврт, со атрактивниот гол од гол на гол на Благојче Трајковски и сето тоа продолжено со лоб-погодокот на Филип Миркуловски од половина терен…
Преку одбраната на Трајковски и веднаш потоа атрактивниот цепелин на Лазаров и Манасков…
И сето тоа да се заокружи и со уште една атракција на летечките Македонци, повторно Кире Лазаров, овој пат во комбинација со Гоце Георгиевски…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА