Синиша Михајловиќ ќе остане запаметен како еден од најдобрите српски фудбалери во последните триесетина години, а како спомен остануваат фантастичните погодоци што големиот ас со леснотија ги постигнуваше во дресот на Црвена Звезда, Сампдорија, Лацио, Интер, но и за својот национален тим…
Михајловиќ ќе остане запаметен и како еден од ретките кои во кариерата има настапувано и за Рома и за Лацио, но секогаш максимално почитуван од навивачите на двата лути римски ривали.
Михајловиќ се уште е сопственик на рекордот во Серија А со 28 постигнати голови од слободен удар, по што го доби и прекарот „Кралот на слободните удари“.
А, вкупно во својата кариера има 66 погодоци директно од слободен удар, почнувајќи од Војводина, преку Црвена Звезда па се до Сампдорија, Рома, Лацио, Интер…, кои засекогаш ќе останат запаметени…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА