Дејан Манасков го извлече подебелиот крај во големиот инцидент од финалето во унгарскиот куп меѓу Веспрем и Пик Сегед, на кој македонскиот репрезентативец беше принуден со раскрвавено чело да го напушти теренот.
Инцидентот се случи пред крајот на првото полувреме, кога Манасков се приклучи како „втор пивот“, но по една одбиена топка беше удрен со лакот во главата од еден противнички ракометар. Веднаш се појави и крв на неговата глава, Манасков збесна, а во конфликтот се вклучија ракометари од двата тима.
Останува само надежта дека не станува збор за ништо посериозно, со оглед на фактот дека Дејан Манасков ќе биде еден од клучните ракометари на македонската репрезентација на претстојниот двомеч од квалификациите за пласман на ЕП 2020 против селекцијата на Исланд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА