ВИДЕО: Навивач погоди кош од центар и си заработи 10.000 долари

Њујорк Никс ја победија Филаделфија со 112-109 во натпревар од НБА лигата изминатава ноќ.

Но, интересно е што во една од паузите на натпреварот, навивач освои 10.000 долари погодувајќи кош од центарот. Тоа беше дел од наградна игра карактеристична за НБА натпреварите.

Извесен Томи беше случајно избран од трибините со дадена можност да освои голема сума пари. Понекогаш може да се добијат и автомобили за погодок на шут од центарот, во зависност од договорот со спонзорите.

Погодениот кош на Томи може да го погледнете ТУКА

Се вчитува...