Видео: Навивачите се загреваат со зурли и тапани: Се е подготвено за шоу на плоштадот Македонија

Македонските фудбалери слетаа во Скопје, а навивачите во се поголем број се собираат на скопскиот плоштад „Македонија“, каде ќе ги поздрават своите спортски миленици, како честитка за фантастичното издание и големата победа над европскиот првак Италија.

Покрај добро познатите навивачки песни, на плоштадот може да се слушнат и зурли и тапани, а атмосферата е се подобра како што се приближува моментот на пристигнување на автобусот со фудбалерите…

Се е подготвено за шоу, за прослава на големата победа и испраќање на позитивна енергија и желби за добар резултат пред клучното финале со Португалија.

Се вчитува...