Немили сцени во самиот финиш од натпреварот во Автокоманда меѓу Скопје и Струга ТЛ.
Скопјани по доаѓањето на поранешниот македонски селектор Мирсад Јонуз на клупата сега играат некој друг фудбал, па откако го победија Шкупи сега му „украдоа“ бод и на лидерот Струга ТЛ со гол во 87. минута.
Сето тоа донесе очигледно нервоза на клупата на гостите кои лесно „пламнуваа“ во последните минути. Па, немили сцени имаше и судир меѓу играчите и членовите на стручните штабови на двата тима. Црвен картон заработи нервозниот тренер на голманите кај Струга ТЛ, Дардан Мифтари кој го почна судирот.
А, за да се смири целата ситуација се вклучи и полицијата и Мирсад Јонуз делејќи ги играчите на двата тима.
На крајот жолти картони заработија по мешаницата и Дино Најдоски кај Скопје, а нешто претходно и голманот Петар Митев како и шефот на стручниот штаб Мирсад Јонуз претходно за вербален конфликт со гостински играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

