ВИДЕО: Немили сцени во Гевгелија, Брегалница продолжува да „гази“, конечно, триумф и за Победа (ВИДЕО)

Немили сцени во Гевгелија, на второлигашкиот меч помеѓу Кожуф и Скопје. При водство на гостинскиот тим, неколку играчи биле нападнати од публиката, по што едениот од нив бил погоден во главата.

Сепак, по неколкуминутен прекин страстите се смирија и натпреварот продолжи, а Кожуф успеа да израмни и да извлече бод од овој натпревар.

Брегалница остана на чело на табелата со петата победа во шестото коло. Штипјани славеа над Преспа со 2-0 со головите на Калпачки и на Масевски.

Конечно, малку радост и за прилепска Победа. Тимот од Прилеп со нов тренер славеше на домашен терен против Големо Коњари со 1-0. Охрид со убедлив триумф во Неготино од 1-5 над Вардар. Шкендија Арачиново ја продолжува потерата по Брегалница откако триумфираше над Слога Виница со 2-1.

ВТОРА ЛИГА, 6. КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – ПРЕСПА 2-0

ОСОГОВО – ДЕТОНИТ 0-1

ПОБЕДА – КОЛЕМО КОЊАРИ 1-0

ШКЕНДИЈА А. – СЛОГА В.   2-1

КОЖУФ – СКОПЈЕ 1-1

ВАРДАР Н. – ОХРИД   1-5

НОВАЦИ – КАМЕНИЦА САСА 0-0

ТЕТЕКС – БЕЛАСИЦА (НЕДЕЛА 15:00)

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...