Македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ беше најдобриот поединец во составот на Олимпија Милано на пријателскиот натпревар против Фенербахче, на кој Турците славеа со 81-76.
Димитријевиќ мечот го заврши со 14 поени, потврдувајќи ги индивидулните квалитети поради кои беше доведен и во евролигашкиот тим за новата сезона.
Од таборот на Олимпија Милано не можеа а да не ја издвојат мајсторската тројка на македонскиот кошаркар уште во првата четвртина од средбата…
Neno Dimitrijevic huge three during the first half of tonight’s game in Crete#insieme #ForzaOlimpia pic.twitter.com/ZDRnyr6Eg9
— Olimpia Milano (@OlimpiaMI1936) September 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА