Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ e избран во најдобрата петорка на стартот од сезоната во ВТБ лигата, по победата на Уникс Казањ над Локомотив Кубањ.
Нено сосема заслужено се најде во одбрано друштво во лигата, но одбележа уште едно признание наоѓајќи се во Топ 10 изборот на најдобрите потези во ВТБ лигата.
Неговата мајсторска асистенција до Кулагин беше доволно за шесто место на листата на која на врвот е Брајс кој со звукот на сирената донесе славје за Парма.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА