Крајно несоодветни моменти во 80. минута од натпреварот меѓу Шкендија и Вардар во Тетово, и тоа во ситуација кога сосема е јасно квалитативната надмоќ на теренот во еден мирен меч во кој домашните водат со убедливи 4-0.
Но, непотребна нервоза беше демонстрирана од страна на вардаровиот голман Филип Гачевски, кој најпрво се пожали на некаков удар кон него од страна на трибината каде се навивачите на Шкендија. Откако, сепак, се смири ситуацијата а капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими тргна кон трибината на навивачите со очигледна молба да ги смират страстите, крајно непотребно и самиот Гачевски потоа се упати кон навивачката трибина обраќајќи се кон „Балистите“.
Па, следеше и конфликт меѓу Гачевски и Ибраими, за да на крај и секретарот на Вардар го смирува својот голман. За среќа, без посериозни инциденти продолжи дуелот во Тетово…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА