ВИДЕО: Несторовски стрелец за Славен Белупо

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски со нов погодок во дресот на Славен Белупо во хрватскиот шампионат.

По првото полувреме во 22. коло од Суперлигата на Хрватска, Славен Белупо има предност од 0-1 на гостувањето против Вараждин благодарение на голот на македонскиот интернационалец.

Несторовски погоди во 31. минута за предност на гостите.

Стрелаше Несторовски и во 45. минута, но погодокот беше поништен по ВАР-интервенција поради офсајд позиција.

Се вчитува...