ВИДЕО: Неверојатен кош на Бруно Кабокло – Преку цел терен за пат на ЛОИ во Париз!

Кошаркарот на белградски Партизан, Бруно Кабокло со 21 поен, дополнети и со шест скока, го предводеше Бразил до убедливата победа од 94-69 над Летонија со која си обезбедија учество на Летните олимписки игри во Париз.

Кабокло дефинитивно го привлече вниманието на натпреварот со својата одлична партија.

Но, и со кошот на крајот од првата четвртина кога во последната секунда постигна неверојатен кош со шут од речиси преку целиот терен…

Се вчитува...