Кошаркарите на Реал Мадрид го доживеаја првиот пораз сезонава во Евролигата, и тоа на неверојатен начин по продолжение во повеќе од драматична трилер завршница на гостувањето против Фенербахче во Истанбул.
Откако мечот заврши 87-87 по регуларните четири четвртини, Фенербахче дојде до конечна победа од 100-99 во продолжението, и тоа со поените на Јан Мадар во последната секунда.
Реал Мадрид на девет секунди до крајот имаше предност од 96-99. Но, потоа следеше вистинската драма. Најпрво на шест секунди до финишот, Марко Гудуриќ беше фаулиран и доби две слободни фрлања кои ги искористи за 98-99. Кога се очекуваше Реал, сепак, да приведе до победа, Кампацо на две секунди до крајот загуби топка од Гудуриќ кој го проигра Јам Мадар, а овој буквално во последната секунда погоди за победа на турскиот тим од 100-99.
YAM MADAR 🔥
Fenerbahçe Beko 100 – 99 Real Madrid
Fenerbahçe, Real Madridi evinde geriden gelip yeniyor…
( Mehmet Şimşek Putin Ankara 31 Rezil Kaldı 3 Ekşi Sözlük #Free_Palestine Ekrem İmamoğlu Rıza Türk Tabipler Birliği )
— Pozitif Haber (@pozitifhabeer) November 30, 2023
Гудуриќ со 21 поен и Вилбекин со 19 поени беа најдобрите поединци кај Фенербахче, а Кампацо иако постигна 33 поени за Реал, беше трагичар со загубената последна топка на мечот по која Мадар ја донесе победата.
Монако со 85-77 триумфираше против Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА