Неверојатно драматичен крај на Првата македонска фудбалска лига во битката за европски излез. Во последното, 36. коло од шампионатот, Шкупи успеа да си обезбеди европски настап благодарание на победата над Работнички од 1-2 на арената „Тодор Проевски“ и тоа со пресврт во последните пет минути од мечот.
Работнички имаше предност од 1-0 со голот на Баже Илијоски во 84. минута од средбата…
И, кога се чинеше дека „романтичарите“ ќе се радуваат на Европа, во 88. минута Устабаши израмнува на 1-1 а Стојан Стојчевски аматерски поради реакција кон противничките фудбалери заработи црвен картон…
Па, со играч повеќе Шкупи дојде до триумф до голот на Устабаши во 92. минута. На крајот Берат Устабаши е херојот за чаирчани!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

